СДСМ Велес: Порачуваме Шумското стопанство Бабуна веднаш да ги испорача дрвата на граѓаните

Прес конференција
Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес
Велес, 19.05.2017
Почитувани граѓани,

Порачуваме Шумското стопанство Бабуна, да почне да работи одговорно и веднаш да ги испорача дрвата кои се платени од страна на граѓаните, а коишто до денес ги немаат добиено.

Голем е бројот на граѓани на Велес кои уште во Јануари, Февруари и Март уплатиле пари за огревни дрва, а се уште не можат да ги добијат.

И покрај ова, стопанството Бабуна продолжува да прима нови уплати за огревни дрва!

По формирањето на новата Влада, темелно ќе се преиспита работењето на сите јавни претпријатија, вклучително и на шумското стопанство Бабуна, а за секое незаконско дејствување, одговорните ќе мора да понесат одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e