Прес конференција
Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес
Велес, 23.05.2017
Почитувани граѓани,
11 годишното неодговорно и коруптивно раководење на фабриката Колска резултира со нехумани и недостојни услови за работа на вработените, кадешто работниците работат во несоодтвени и ризични услови.
Работниците постојано се соочуваат со доцнења на платите, злоупотреби на трудот и неплатено здравствено осигурување со што им е ускратена можноста за нивно лекување, како и лекување на нивните семејства.
Новата реформска Влада ќе изврши ревизија на работењето на оваа фабрика и секоја неправилност и секоја злоупотреба врз работниците ќе биде санкционирана.
Работниците ќе добијат достојни услови за работа, а нивниот труд ќе биде ценет и вреднуван. Ќе биде воведено и бесплатно болничко лекување за сите, за никогаш да не се повтори случајот кога работници умираат, како работникот во Колска, а немаат пари да платат болничка партиципација за лекување, затоа што не им се исплаќа здравствено осигурување.
Злоупотребите на работниците никогаш нема да се повторат, новата Влада ќе ги унапреди и гаранатира работничките права и ќе донесе правда, сигурност и живот за сите граѓани.