СДСМ Прилеп: Чулев да поднесе пријави против Ристески и Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ поради загрозување на здравјето на граѓаните

Со своето неодговорно, несовесно и нехумано однесување, највисоките функционери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, претседателот и кандидат за пратеник Петар Ристески и актуелната пратеничка и кандидатка за нов мандат, Ана Лашкоска, ги кршат законите за заштита од коронавирусот и го загрозуваат здравјето на граѓаните, порача денеска на прес-конференција Филип Попоски, портпарол на ОО СДСМ – Прилеп.

Од објавените фотографии на нивните фејсбук профили, од неколкуте вчерашни масовни собири на кои присуствувале и двајцата, јасно се гледа дека Ристески и Лашкоска не ги почитувале мерките за забрана за групирање и носење на заштитна опрема на лицето. Ваквото неодговорно однесување на Ристески и Лашкоска, на најдобар начин го отсликува лицемерниот пристап на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во битката со вирусот КОВИД-19.

Наспроти нивната наводна загриженост за здравјето на граѓаните и ширењето на коронавирусот, со своите неодговорни постапки, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат потенцијална опасност за ширење на заразата.Од една страна преку социјалните мрежи и медиумите, функционерите на ДПМНЕ обвинуваат дека сме биле единствена земја од регионот во која бројот на заболени од коронавирус расте, а од друга страна истите тие ги кршат уредбите на Владата и директно придонесуваат за можно зголемување на бројот на заразени.

На ваквото однесување на Ристески и Лашкоска, се надоврзува и нивниот сопартиец и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој свесно не презеде ништо за да ги спречи масовните собири во време на полицискиот час.

Наместо да се стави во одбрана на интересот и здравјето на граѓаните, Наќе Чулев се стави во заштита на теснопартиските и личните интереси на Мицкоски и врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикуваме Наќе Чулев, доследно да го спроведува законот и заради непочитување на уредбите на Владата, да поднесе пријави против Ристески и Лашкоска, рече портаролот на СДСМ Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e