Санкционирани 409 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 409 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 57, 46 за неисправни и нерегистрирани возила, 55 мерки за неносење сигурносен појас и 89 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e