Прво место за младите инструменталисти од кривопаланечкиот оркестар при НУ Центар за култура Крива Паланка на Меѓународниот фестивал “Утринска ѕвезда” во Банско во соседна Бугарија.
На 38. Меѓународен фестивал „Morning Star“ во Банско, Република Бугарија, младите инструменталисти на кривопаланечкиот оркестар при НУ Центар за култура – Крива Паланка, во голема конкуренција, го освоија првото место во категоријата инструментална музика. Покрај оркестарот, на фестивалот во истата категорија, македонски преставници беа петгодишната Уна Златановска (која го освои прво место) и Ева Николова (која исто така беше првопласирана во нејзината возрасна категорија 15 – 18 години).
Овие две пијанистки се воедно дел и од победничкиот оркестар.
-Голема поддршка имаа од директорот на НУ Центар за култура- Крива Паланка Антони Стојановски и нивните родители.
Фестивалот во Банско траеше пет дена, а на него својот уметнички талент во осум категории го презентираа околу 2.500 млади од повеќе земји, како Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Шпанија…
– Целта на учeството на нашите млади таленти на Меѓународниот фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда 2023“ во Бугарија е промовирање на македонската култура и афирмација на македонската држава на меѓународно поле, како и поттикнување и создавање на чувство на одговорност и дружење со децата од другите европски држави. Фестивалот има идеа да ја поттикне креативноста кај младата популација, но и да ја продлабочи дружбата помеѓу младите од различни држави и да им овозможи понатамошни средби, соработка и контакти, размена на креативни искуства.
-Презадоволна сум од учениците и од големата поддршка од родителите. Организацијата на фестивалот на кој традиционално учевствуваме беше на високо ниво. Учениците се покажаа во вистинско светло, ги освоија симпатиите и гласовите на жирито и заслужено беа наградени, вели професорката Жулина Митовски.