Пронајдено телото на маж кој паднал во водите на Вардар додека местел мрежи во реката

Попладнево, нешто пред 16 часот во близина на селото Миравци, во Вардар, додека две лица, местеле мрежи во реката, Едниот маж паднал и го снемало во водата, пренесе Centar.mk

По неколку часовно пребарување од страна на надлежните служби, нешто пред 20 часот, мажот на возраст од 55 години е пронајден мртов од страна на жителите на селото и неговото тело е извлечено од водите на Вардар.

Лекар констатирал смрт, а според сознанија на Centar.mk, врз телото ќе биде извршена и обдукција.

Повеќе детали се најавени за утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e