Пронајдено безживотно машко тело во напуштени тоалети на езерото Треска

На 03.08.2020 во 14.45 часот во Полициска станица Сарај било пријавено дека во СРЦ Езеро Треска, во близина на напуштени тоалет кабини, од малолетни лица било пронајдено безживотно машко тело. По утврдување на идентитетот било констатирано дека станува збор за Ф.Ј.(46) од с.Никиштани. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за погреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e