Пронајдени залутени деца на Водно

На Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера била добиена пријава за изгубени, залутани, деца во предел на Средно Водно коишто преку земјен пат сакале побрзо да стигнат на градот, па се изгубиле. Веднаш од страна на ЦУК е известена полицијата, конкретно СВР – Скопје за понатамошна постапка. По релативно кусо време по интервенцијата, од страна на СВР Скопје е информирано дека со помош на локацијата добиена од 112 децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до Скопје, дома.

Според последниот 24-часовен извештај на Центарот за управување со кризи, од вкупниот број 1.522 повици на Единствениот број за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 33,84%, а 66,16% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.
Согласно распределбата, согласно природата на настаните, преку ЦУК кон Полиција биле упатени 50,80% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 37,97%, пожарникарите биле упатени 7,49%. Кон Центарот за управување со кризи имало 3,74% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 65,53% неитни повици“ (вкупно заедно 1.014) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e