Пронајдени се 142 мигранти во товарно возило „ман“ на автопатот Гевгелија – Скопје

Вкупно 142 мигранта се пронајдени вчера во товарно возило „ман“ на автопатот Гевгелија – Скопје, соопшти МВР.

Возилото, со бугарска регистарска ознака, кое се движело со голема брзина, било забележано околу 05:40 часот. Полицијата се упатила кон него за да го запре и исконтролира, но не застанало и се упатило по стариот пат од село Милетково кон село Габрово. Набргу потоа возачот сопрел, а во камионот при преглед биле пронајдени мигрантите. Тие се приведени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“, а направен е и увид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Mигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e