Пронајдени две гранати на брегот на Охридското езеро

ОВР Струга соопшти дека вчера биле пронајдени две гранати на брегот на Охридското езеро.

Двете стари гранати биле пронајдени кај струшкото село Калишта на брегот на езерото.

Увид и обезбедувањето на местото извршиле полициски екипи, а денеска подигнување на гранатите ќе изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e