Проф. Жулина-Митовски добитничка на награда за повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија

Професорката по музичко образование Лариса Жулина-Митовски е една од добитничките на наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија која ја доделува „Музички и балетски педагози на Македонија“.

На професорката Жулина-Митовски, која предава во кривопаланечкото основно училиште „Јоаким Крчовски“ признанието и беше доделено вчера во Музејот на македонската борба во Скопје.

„Ова е една од најдрагите награди во мојата долгогодишна педагошка кариера. Истата ми претставува мотив за уште поголемо вложување во оваа благородна професија“, рече проф. Жулина Митовски, заблагодарувајќи се за дипломата, плакетата и букетот како признание за својата работа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e