Проект вреден 40 милиони денари – Ќе се рехабилитира главната улица во Крива Паланка

Денес Општина Крива Паланка свечено празнува по повод Денот на градот, 8 Октомври.

386755142_858790045614833_1554953865177287791_n
– Славиме за сè она што го создава локалната самоуправа како влог во иднината. Градот се развива со силно темпо, се реализираат проекти и се креираат нови што ја менуваат сликата на градот, порача денеска на свечена седница првиот човек на општината Сашко Митовски.
На денешната Свечена седница по повод 8 Октомври, градоначалникот Сашко Митовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, потпишаа меморандум за проектот „Проширување и рехабилатија на централна градска улица од населба Единство до Соларски Мост“.
Проект вреден 40 милиони денари, обезбедени од Светска банка и Министерство за транспорт и врски.

384672115_639230968324341_3843611682645583123_n
Проект што ќе го промени ликот на централното градско подрачје;
ќе го реши проблемот со сообраќајниот метеж и
ќе биде новиот урбан проект со кој сите ќе се гордееме.

369247887_639231091657662_1704822231168955917_n
– Денот на градот го славиме со креирање на ликот на нова, модерна, Европска Крива Паланка. Потврда за тоа е и новиот ГУП што денес е донесен од страна на советниците и ќе овозможи отворени можности за урбан развој на општината. Крива Паланка добива модерна и современа улица која комплетно го решава сообраќајот низ централното градско подрачје, со обезбедени троатоари за пешаците и повеќе места за паркирање, рече Митовски.
На свечената седница беше презентиран и новиот Генерален урбанистички план кој нуди нови можности за развој на градот. После долги години Крива Паланка добива функционален ГУП со флексибилност во дефинирањето на намените, кој ќе овозможи современ и европски лик на нашиот град, велат од општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e