Продавач се степал со пијан купувач – Двајцата тешко повредени

Вчера околу 17:40 во СВР Куманово било пријавено дека во продавница на ул.„Гоце Делчев“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу сопственикот В.К.(51) од Куманово и Д.Ц.(44) од село Младо Нагоричане, кумановско, кој бил во алкохолизирана состојба.

Според пријавеното, сведок на случувањето била вработената М.Ц. (39) од Куманово. Притоа, двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e