Пробиштип е првиот град во Северна Македонија кој организирано компостира отпад

Проектот БИООТПАД или Utilizing Pay As You Throw System and Autonomous Composting Units for Biowaste Management in Touristic Areas – BIOWASTE”, е меѓународен проект кој веќе трета година се спроведува во општина Пробиштип под раководство, стручна и академска пракса на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Проектот е финансиран од програмата за транснационална соработка Интерег Балкан – Медитеран 2014-2020 и во него се вклучени уште општина Катерини од Грција како водечки партнер, општина Јермасоја од Кипар и Технолошкиот институт од Крит. Целокупната вредност на проектот е 1 300 000 евра. Покрај инсталацијата на висококвалитетни иновативни компостерски единици за преработка на остатоци од органски отпад до органско ѓубриво – компост значењето на овој проект е и во промената на навиките на населението – пионерски чекори во селектирање и сепарација на отпадот, особено остатоците од храна кои наместо да завршуваат на депониите ќе завршат во компостерките. Другата цел опфатена со проектот покрај заштитата на животната средина е и намалувањето на трошоците за ѓубрарина која во иднина може да се наплаќа по принципот – плаќај колку што создаваш отпад.

М-р Дијана Насева менаџер за квалитет и визибилност за проектот за УГД и општина Пробиштип во интервју за Иновативност.мк зборува за проектот БИООТПАД.

Кажете ни за функционирањето на компостерските единици на шведската фирма „БИГХАНА“ кои веќе се распоредени на две локации во Пробиштип?

Благодарение на овој проект за општина Пробиштип набавени се две автономни единици за компостирање со капацитет од по 60 тона годишно на реномираната шведска фирма БИГХАНА која слободно можам да кажам дека е лидер на пазарот за производство на ваква опрема. Согласно претходна евалуација на теренот на експертските лица и критериумите на проектот – најголеми создавачи на органски отпад се угостителски објекти и домаќинства, едната компостерка е поставена во централното градско подрачје во близина на хотели, ресторани и градскиот пазар а другата е наменета за домаќинствата и поставена во една од најголемите урбани заедници – Калниште. Во декември минатата година беа инсталирани компостерките и беше спроведена обука за нивно користење од страна на претставничка од фирмата БИГХАНА Сесилија Ек од Шведска и претставник од нивната подрачна единица од Софија, Бугарија Константин Тумбалов. Станува збор за исклучително квалитетни и корисни машини кои работат компостирање во еден сосема затворен процес без никакво штетно влијание врз животната средина.

Целото интервју на м-р Дијана Насева за Иновативност.мк на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e