Приведени две лица на автопатот Тетово-Скопје кај кои е пронајден кокаин

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, синоќа, 10 минути по полноќ, на автопатот Тетово – Скопје, во близина на бензинска пумпа, ги лишиле од слобода Б.И.(38) и Ш.Б.(57), двајцата од Тетово, бидејќи кај нив бил пронајден кокаин.

Како што соопштуваат од МВР, по документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по чл. 215 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e