Приведени двајца скопјани, пронајдени шест мигранти во возило

Во близина на клучката кај село Прдејци, на место викано „Борови“ еден час по полноќ полицијата во возило со скопски регистарски ознаки пронашла шест лица мигранти, пет од Сомалија и едно од Сирија. Лишени од слобода се двајца скопјани.

– На 23.01.2021 во 01.00 часот, во близина на клучката кај с.Прдејци, на место викано „Борови“, полициски службеници запреле патничко возило „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од Скопје, а совозач бил А.И.(33) од Скопје. При пrеглед во возилото биле пронајдени шест лица мигранти и тоа С.М.(16), M.A.(16), A.Х.(16), Р.М.(15), Х.И.(14), сите од Сомалија и A.K.A.(17) од Сирија, појаснуваат во денешното соопштение од МВР.

Лицата С.С. и А.И. биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Mигрантите, стои во соопштението од МВР, ќе бидат предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e