Приведен разбојник од Штип кој насилно одзел паричник од сограѓанка

Полициски службеници од Полициската станица Штип денеска во 12:30 часот по преземени мерки и активности го лишија од слобода М.З.(17) од Штип кој насилно и одзел паричник на 65-годишна штипјанка.

Како што информира МВР, тој денеска околу 11:50 часот на улицата „Сутјеска“ пред влезот на градскиот пазар во Штип, физички ја нападнал З.М.(65) од Штип и насилно и го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи. Полициските службеници го одзеле украдениот паричник и заедно со парите и лични документи и го вратиле на оштетената З.М.

Се работи на комплетирање на случајот, по што против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e