Приведен разбојник на подрачјето на Бит Пазар

На 29.11.2021 во 09.30 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода С.Ј.(26), за кого имало локален распис.

Тој се барал во врска со кривично дело „разбојништво” во обид, извршено на 16.11.2021 во подземна гаража на станбен и деловен комплекс. С.Ј. е приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e