Примателите на социјална помош во Кр.Паланка може да здивнат, сменета е Олгица Ристовска

Нема веќе закани, уцени и заплашувања врз корисниците на социјална помош и туѓа нега. Конечно, сменета е досегашната директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Крива Паланка, Олгица Ристовска.

Ристовска е позната по тоа што 2013г за време на изборната кампања заедно со својот сопруг и неколку останати активистки од ВМРО-ДПМНЕ беа фатени како доцна во ноќта штанцаат одредени решенија во просториите на Центарот за социјални работи.

Инаку, сопругот на досегашната директорка е актуелен директор на ООУ Јоаким Крчовски а нивниот син е член на совет во општина Крива Паланка и поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина. Цело семејство на функции благодарение на предходната власт.

На местото директор на Меѓуопштинскиот центар е именувана Зорица Петровска, која важи за искусен и чесен професионалец.

Дознаваме дека за работата на досегашната директорка во министерството за труд и социјална политика веќе има отворено неколку истраги и обезбедени се сведочења на повеќе корисници на социјална помош на кои им било вршено притисок и закани во време на изборниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e