Прегазен 88-годишен пешак во Дебар

Вчера, во Полициската станица Дебар било пријавено дека на улицата 100 во Дебар, патничко возило „пежо“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од Љ. Р. (40), удрило во пешакот А. Б. (88), двајцата од Дебар.

Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Дебар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e