Повторно возило се преврте на кров во Аеродром

Нема повредени во сообраќајната несреќа која се случи во Аеродром, информираат од МВР.

– На 23.11.2023 во 20:03 часот добиена е пријава дека на бул.3-та Македонска Бригада возило Форд со скопски таблички, управувано од Г.В. (39) се превртело. До сега нема пријавено повредени лица. Увидот е во тек, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e