Поставена инклузивна фитнес-зона на кејот на Крива Река Поставена инклузивна фитнес-зона на кејот на Крива Река

Поставена е првата инклузивна фитнес-зона на отворено, на десниот брег на Крива река, покрај ролерско-велосипедската патека. Десетина справи за вежбање на отворено се монтирани на адаптирана, гумирана подлога, а активноста се реалзиира со проектот  „Младите од Бугарија и Македонија заедно за туризам како превенција за здравјето“.

– Крива Паланка доби ново урбано инклузивно катче за рекреирање и спортување на младите генерации. Социјализацијата на различните целни групи, создавањето на животни навики и правилниот раст и развој се наша обврска. Покрај оваа фитнес –зона, долж течението на Крива Река се монтира уште едно рекреативно катче, каде се гради мини-голф терен, со што ќе бидат збогатени содржините за спорт и рекреација и на младите од општината и на сите посетители и туристи, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Проектот „Младите од Бугарија и Македонија заедно за туризам како превенција за здравјето“  го имплементираат Центарот за развој на североисточениот планински регион (СИПР) и Фондацијата за здравствена превенција од Република Бугарија, во рамки на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу двете земји.

Покрај инфраструктурни активности, со проектот се предвидени и одржување спортски игри и натпреварувања за младите од Благоевград и Крива Паланка, кои се планира да се востановат како пракса помеѓу младите од пограничниот регион.

Целта на проектот е да се промовира соработка помеѓу регионалните чинители во областа на одржливиот туризам, промоција на здравјето и создавање центар за здравствено и туристичко мрежно поврзување на деца и млади и лица со попреченост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e