Полицијата заплени марихуана во автокамп во Градиште, Охрид

Вчера во периодот од 22:35 часот до 00.10 часот, врз основа на судска нредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во автокамп „Градиште”, во приколка, сопственост на Б.И.(26) од Скопје.

При претресот била пронајдена и одземена марихуана. За време на претресот, во објектот биле уште четири лица од Скопје.

Б.И. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e