Полицијата уапси седум штипјани, има и малолетници

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 16 кривични дела „тешка кражба“ од куќи, возила, градежен објект, продавница и од лабараторија во Клиничката болница Штип, извршени на територија на град Штип при крајот на минатата и почетокот на годинава.

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Н.И.(23), Е.Ј.(18), С.Н.(31), А.М.(39), Н.М.(41) и двајца малолетници, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e