Полицијата е во потрага по 14-годишно девојче – Исчезнало утрово во центарот на Скопје

Полицијата е во потрага по 14-годишно девојче од Скопје кое од утринава е пријавено за исчезнато.

Случајот го обелодени мајката на тинејџерката во објава на социјалните мрежи, а потврда стигна и од МВР.

Според објавата на мајката на девојчето, 14-годишничката тргнала од дома накај училиште во 7:20 часот по што ѝ се губи секаква трага. Последен пат била видена во Дебар Маало на пат кон училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“.

„Утрово во 7:20 часот мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и се изгуби секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светлосин џемпер, црна кратка зимска јакна и бели патики ’најк’ со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон ‘Песталоци’. Доколку имате каква било информација, јавете се на 075 400 816“, пишува мајката на девојчето во објава на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e