Полицајка од Куманово возела по автопат со нозете низ прозор

Полицајка од Куманово возела автомобил со нозете извадени преку прозор, а потоа и качени на управувачот, пренесува Телма. Таа се снимала додека возела така, а потоа видеото го споделила на социјална мрежа ТикТок.

Видеото се рашири и по другите социјалните мрежи, а набрзо беше идентификувана и полициската службеничка.

Од снимките се гледа дека видеото е снимано на автопат, а празните коловозни ленти ја отвораат и дилемата дали тоа можеби се случувало и за време на полициски час? Видеото кое беше доставено до Телма по социјалните мрежи почнало да се споделува на 11 и 12 Мај.

Од МВР потврдија дека станува збор за Д.Ј. и соопштија дека добила укажување за недолично однесување.

„Ве известуваме дека од одговорните, таа беше повикана во СВР Куманово, при што и беше укажано за недоличното однесување. Бидејќи станува збор за полициски службеник од страна на СВР-ПС-ОН Куманово ќе биде известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за преземање на понатамошни мерки“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e