Полицијата уапси 21-годишен скопјанец кој крадел

По претходно добиено сознание дека лицето А.И (21) од Скопје врши кривични дела од областа на имотни деликти , од страна на Единицата за внатрешни работи Чаир со прибирање докази за извршени кривични дела документирани се пет кривични дела и тоа: тешки кражби во куќи и едно кривично дело џепна кражба при што А.И се стекнал со противправна имотна корист од околу 224.290 денари и причинил материјална штета од 13.500 денари.
По претходно распишан локален распис по А.И истиот на 20.01.2020 година околу 23.00 час.од страна на полициски службеници од Единица за интервента полицијата лишен е од слобода и против истиот до ОЈО Скопје поднесена е соодветна кривична пријава за сторените кривични дела, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e