Покрената иницијатива за поставување на натпис „ПОГЛЕДНИ“ на пешачките премини и спорни сообраќајни точки

Организацијата „Хуманија“ од Крива Паланка се приклучи кон националната иницијатива за обележување на пешачките премини и спорните сообраќајни точки со знаци на кои со флуороцентна боја ќе пишува „ПОГЛЕДНИ“.

-До локалната самоуправа на Крива Паланка и на Ранковце е поднесено барање за поддршка на оваа иницијатива со цел поголема безбедност во сообраќајот, информира координаторката за североисточниот регион која се надева на позитивен одговор.

Националната иницијатива ја поддржаа голем број организации и здруженија ширум земјава, а крајната цел,  како што наведуваат иницијаторите, е да спасиме што повеќе животи и да придонесеме за подобар сообраќај.

Од досегашната пракса во Европа и светот се покажа дека ова има одличен  ефект врз безбедноста на пешаците, прес се, затоа што се почесто жртвите на асфалтот се загледани во своите смартфони, наместо во сообраќајните знаци. Одговорните се надеваат на позитивен одговор од локалните самоуправи и веруваат дека овој алармирачки натпис ќе ги „освести“ учесниците во сообраќајот да се однесуваат одговорно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e