И покрај изборната кампања, Николов останува на располагање на пациентите

Кандидатот за градоначалник на општина Штип, Д-р Сашко Николов денеска истакна дека и покрај тоа што е започнато со изборната кампања за предвремените локални избори во Штип, во ниту еден момент нема да запре со помошта и грижата за здравјето на граѓаните.

– Сите добро знаеме дека се соочуваме со пандемија и се наоѓаме во тежок период во кој секој дополнителен придонес во корист на здравствениот систем и грижата за здравјето на граѓаните е потребен.
За време на вонредните парламентарни избори јас ветив дека ќе останам доктор за сите граѓани и покрај пратеничката функција, и го одржав ветувањето.Како и до сега продолжувам активно да волонтирам во моето кардиолошко одделение, но и во формирањето на новиот Kовид центар. Јас целото мое знаење и енергија ги ставам на располагање на моите сограѓани и на моите колеги здравствени работници. Да си бидеме заедно меѓусебна поддршка и да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Здравјето на моите граѓани пред се, посочи Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e