Почина осуденик од Идризово

Вчера во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал осуденикот И.А.(65) од Тетово.

Тој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а претходно бил донесен со влошена здравствена состојба.

По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e