Почина 6-годишно дете по пад од трактор во с.Дебреште, прилепско

На 22.07.2020 во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт. Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e