Одземени 8.700 евра при грабежот во банка на НЛБ

Во вооружениот грабеж што утринава се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров одземени се 8.700 евра, информираат од Банката
Оттаму потврдуваат дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

НЛБ Банка континуирано работи на подобрувањето и зголемувањето на безбедносните и сигурносни стандарди во работењето, со цел заштита на своите клиенти и вработени. Како резултат на веќе имплементираниот сет на безбедносни мерки, во овој настан сторителите биле спречени да направат поголема материјална штета, велат од Банката.

Експозитурата во Ѓорче Петров ќе продолжи со редовно работно време од понеделник 20.01.2020 година, стои во соопштението од Тутунска.

НЛБ Банка и понатаму соработува со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e