Обвинение за поранешен градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против поранешен градоначалник на општина Чашка за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик.

На обвинетиот, како што соопшти Јавното обвинителство, му се става на товар дека во својство на службено лице – градоначаник на општина Чашка ја искористил својата службена положба и овластување и предизвикал значителна имота штета на Општината во висина од 1.357.826 денари.

– Обвинетиот на 17.12.2015 година во име на Општината склучил договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, за исплата и користење на средства во висина од 14.486.226 денари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2015, наменети за реконстуркција на делницата од локалниот пат село Мокрени – место викано Теовски Уши. Вкупниот потребен износ средства за реконстуркција на патот биле 17.093.747 денари со вклучен ДДВ, кој паѓал на товар на Општината. Потоа, на 10.12.2015 година обвинетиот во име на општината, по спроведена постапка, склучил Договор за јавна набавка на работи со ГД Изгрев инженеринг ДООЕЛ Велес и извршил уплата на авансни средства во висина од 2.897.245 денари кои претходно Агенцијата ги исплатила на Општината, се наведува во соопштението.

Откако изведувачот ги завршил градежните работи и доставил завршна ситуација на градбата, како што посочуваат од ЈО, обвинетиот како градоначалник на Општината бил должен да изврши уплата на целиот долг. Но, иако согласно одредбите од договорот со Агенцијата, било забрането Општината како корисник на средства од Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој да врши нивна пренамена, обвинетиот од доделените наменски средства за реконстукција на патот уплатил 5.777.855 на изведувачот, а останатите средства во висина од 5.315.369 денари ги искористил за подмирување на други тековни обврски на Општината.

Поради ненаплатениот износ за извршените работи во висина од 8.418.288 денари со вклучен ДДВ, изведувачот повел постапка за присилна наплата на побарувањето. Во текот на извршната постапка, покрај основниот долг, биле наплатени и трошоци за извршување, за адвокатски услуги и за камата за задоцнето плаќање, за кои заклучно со 25.4.2018 година од сметката на Општината биле повлечени средства во износ од вкупно 1.357.826 денари, за кои Општината е оштетена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e