Денеска во училишниот двор во ОУ „Страшо Пинџур“ Карбинци, Штипско, се случил обид за киднапирање на две деца.
Според првичните информации, киднаперите дошле со возило „голф“ со скопски регистарски таблички и се обиделе насилно да внесат две деца во возилото. Биле спречени од други деца и од персоналот.
Настанот во телефонски разговор за ТВ Стар го потврди директорката на училиштето, Наталија Костова.
Таа кратко кажа дека едно од децата кои биле на мета на киднаперите било со македонска, а пак другото со турска националност. Истакна дека моментално полицијата е во училиштето и се работи на расчистување на случајот.