НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Митовски стави потпис на договорите за новите инфраструктурни зафати

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски денеска ги потпиша договорите за нови проекти што носат нови инфраструктурни вложувања во општината.

406013908_665002075747230_4955945885895975891_n
Проектите значат нови инвестиции, преку Биро за регионален развој:
-нови два километри асфалт, фаза 2 – локален пат Б’с – Кошари, за што се одобрени 10.000.000 денари и
– нови 463 метри регулација на коритото на Крива Река, 4 фаза, од спортски комплекс до градски базен, одобрени се 16.629.664 денари.
-За жителите на Мождивњак инвестиција од нови 12.000.000 денари, одобрени преку Североисточен плански регион за реконструкција на постојниот пат со вкупна должина – 3 километри, од клучката со магистрала А2 до месноста викана Дубје.
Подобри услови за граѓаните во секој дел од општината, порача Митовски.

403765971_665002142413890_6726958844391008512_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e