Нова заштитна опрема за делчевските пожарникари

Делчевските пожарникари денеска добија нова заштитна опрема, донација од градоначалникот Горан Трајковски, а се доделува во насока на подобра заштита и безбедност при работа на пожарникарите.

– Во рамки на обезбедување подобри услови за работа на вработените во Општина Делчево и поголема заштита и безбедност на здравјето при работа градоначалникот Горан Трајковски на вработените во Територијалната противпожарна единица, од сопствени буџетски сопствени средства, обезбеди набавка на професионални интервенциски ракавици во согласност стандардите за вакви интервенции, противпожарни ракавици со пет прсти со ектензија, како и црна боја и чевли ХТЗ опрема за секој вработен, информираа од општината.

Ова, како што додадоа, не е прв пат градоначалникот да ја помага противпожарната служба.

– На иницијатива на Трајковски, а во соработкка со Бригадата на Град Скопје делчевските пожарникари минатата година исто така ги збогатија своите технички ресурси со нова опрема. Во моментот општината подготвува и проект за набавка на ново противпожарно возило со што во голема мера ќе биде заокружена поддршката за делчевските пожарникарите, додадоа од општина Делчево.

Пожарникарството во Делчево испишува историја од седум децениско функционирање. Првото доброволно противпожарно друштво е формирано од делчевецот Илија Дамјанов-Крстевски во 50-тите години, по што е формирана првата единица на чело со командирот Никола Димитровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e