Нов памп -трак полигон за велосипеди – Младите од Крива Паланка добија нова спортска содржина

Младите од Крива Паланка добија нова спортска содржина, нова инвестиција наменета за млади: памп -трак полигон за велосипеди.
Памп-траката на спортскиот комплекс ќе придонесе за подобрување на туристичката понуда на општината.
Вредноста е 4.000.000 денари, од кои 2.500.000 донација од УНДП и 1.500.000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка.
406717819_666074805639957_2266320842057886427_nНа проектниот форумски процес младите го избраа овој проект како приоритетен и истиот е имплементиран во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, со поддршка од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, преку донација од Програмата за развој на Обединетите нации УНДП.
1000012697Памп-трак полигонот е надополнување на содржините на спортскиот комплекс кадешто Општина Крива Паланка постојано инвестира во збогатување и подобрување на инфраструктурата за подобри услови за младите.
406659931_666074735639964_1972711949470398550_n

Рекреативната патека е нова можност за жителите на општината за дружење и за рекреација, се создаваат услови за развој на спортот, но и за локалниот развој, преку збогатување на понудата за домашните  и посетителите од странство. Додадена вредност на овој проект е во тоа што е избран од граѓаните на Крива Паланка, во консултативен процес организиран од страна на општината, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој денеска заедно со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, имаше состанок со градоначалникот на општината, Сашко Митовски.

-На задоволство на сите нас, а најмногу на граѓаните на Крива Паланка денеска се заокружува еден убав проект кој што е резултат на соработката меѓу Министерството за локална самоуправа, УНДП, Швајцарската Влада и општината. Двата проекти се финансирани со средства од Министерството за локална самоуправа и од Швајцарската Влада. Имплементатор е УНДП. Со свои средства учествува и општината, што покажува дека локалните власти се заинтересирани за развојот и за подобрување на квалитетот на живеење на своите граѓани., рече министерот за локална самоуправа.

406648098_666074845639953_9214952804001656607_n
406649215_666074768973294_8911583984244630332_n406652129_666074828973288_5778473874411048954_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e