Нов дрворед во срцето на Скопје, 26 високо квалитетни јавори ќе го красат центарот на градот (ФОТО)

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов насвојот Фејсбук сподели фотографии од новиот дрворед, кој се сади во центарот на градот, пред влезот во Градскиот трговски центар.

„Подигаме нов дрворед во срцето на Скопје. Нови 26 високо квалитетни јавори ќе го красат нашиот град“, пишува Шилегов.

Тој потсети и дека во понеделник ќе се возобнови и дрворедот со јапонски цреши на Максим Горки, за кои имаше остра реакција во јавноста по нивното сечење вчера.

„ЈП ‘Паркови и Зеленило“ на барање на Општина Центар изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“. Од општината ја известиjа јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва уште во понеделник ќе се засадат нови висококвалитетни дрва од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје“, велат од Општината.

Од таму истакнуваат дека исечените дрвја биле целосно исушени и имале нарушен коренски систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ