Николовски: Завршена е 70% од дистрибутивната мрежа на системот за наводнување на Валандово

Завршена е 70% од дистрибутивна мрежа на системот за наводнување на Валандово, посочи генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Nikolovski Valandovo1„Со оваа инвестиција од над 24,3 милиони евра го унапредуваме земјоделското производство и го правиме конкурентно.
ValandovoСистемот за наводнување е лоциран во Југоисточниот дел на општина Валандово, а составен од главна мрежа и секундарна мрежа со вкупна должина од 85 километри. Опфаќа рехабилитација на изградба на околу 750 шахти за хидрантите опремени со затворачи и водомери – за наводнување со модерни техники. Овој проект започна официјално со градба јуни 2019 година и очекуваме да заврши 6 месеци пред предвиденото.
Nikolovski Valandovo 3Преку обезбедување на квалитетна и навремена вода за наводнување на земјоделските површини, овозможуваме одржливо зголемување на земјоделското производство и намалување на трошоците. Изминатите години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделството и земјоделците. Како одговорна партија, продолжуваме да вложуваме во мерки и проекти кои обезбедуваат развој на земјоделството и подобри услови за работа на земјоделците“, истакна Николовски.
Nikolovski Valandovo2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e