Николовски во Струмица: Градиме мерки и политики што отвораат можности младите да останат тука

Генералниот секретар Љупчо Николовски денеска беше меѓу граѓаните на Струмица, каде се сретна со младите од овој град со кои разговараше на повеќе актуелни теми.

5

Пред присутните, генералниот секретар Николовски истакна дека СДСМ преку СДММ го слуша гласот на младите, ги следи нивните потреби и работи на создавање и реализација на квалитетни младински политики.

3

„Сите политики и проекти што ги спроведуваме се димензионирани да ви помогнат вам, на младите, да ја креирате својата иднина тука во својата татковина. Клучните политики за вас ги градиме заеднички, потпрени на вашата визија и потреби. Ја намалуваме невработеноста кај младите преку отварање на нови добро платени работни места. Преку директна помош кон младите даваме поддршка за самовработување и отварање на сопствен бизнис. Предвидовме неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за отварање на сопствен бизнис за млади и жени, а даваме и неповратна помош за млади земјоделци за да останат во своите родни места„ порача Николовски.

4

Сето тоа, дополни Николовски, е препознаено од младите и затоа, неслучајно 30 осто од новите членови кои се приклучија во партијата се млади луѓе, мотивирани и подготвени да работат за добро на државата.

1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e