Николовски: Трајковски и ВМРО-ДПМНЕ селективно ги решаваат проблемите

Прес конференција,
Дарио Николовски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Гази Баба
Скопје, 22.07.2017
Почитувани,

Советничката група на СДСМ во Советот на општина Гази Баба се солидаризира и се придружува на протестите на жителите на населбата Камник против нетранспарентниот и игнорантски однос од страна на локалната власт предводена од градоначалникот Тони Трајковски.

Очигледна е селективноста на Трајковски и ВМРО-ДПМНЕ при решавање на проблемите на овдешните жители, како и фаворизирањето на решавање на проблемите само на лица кои се вработени во Општината или пак се партиски активисти блиски до градоначалникот. Најдобар доказ за тоа е селективното асфалтирање на улиците, кое Трајковски и ВМРО-ДПМНЕ го прават по сопствен избор и по партиски заслуги, наместо преку усвоени и утврдени проекти. И наместо да излезе пред јавноста и да ја презентира целокупната документација преку која треба да се реалзираат планираните активности од инфраструктурата, градоначалникот ги игнорира граѓаните кои очекуваат отчетно и прецизно објаснување на плановите за работа на подрачјето Камник, ако воопшто и постојат некакви планови за развој на овој регион.

Ваквото игнорирање на граѓаните е недозволиво. Затоа ние како советничка група во Советот на Општина Гази Баба, на првата наредна Седница закажана за 31.07.2017 година ќе побараме точка на дневен ред да биде Информација за состојбите и планот за решавање на проблемите на жителите на населба Камник. Оттука, ги повикуваме жителите на населба Камник да определат свои претставници кои ќе присуствуваат на Седницата, а го покануваме и градоначалникот Трајковски да присуствува на седницата и да се соочи со граѓаните.

Гази Баба не заслужува ваква неодговорна и несериозна локална власт и затоа веќе во октомври граѓаните ќе изберат нов градоначалник и Совет кои ќе работат професионално и одговорно. Новата локална власт предводена од СДСМ ќе работи неселективно и во интерес на граѓаните, а главен приоритет ќе биде обезбедувањето на квалитетни услови за живот во сите населени места во општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e