Николовски: Светиниколчани знаат да препознаат кој вистински се грижи за нивните потреби и за квалитетните услови за живот

Развојот на Свети Николе продолжува со #СДСМ и со #Најдоброто, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Светиниколчани знаат да направат разлика и да препознаат кој вистински се грижи за нивните потреби и за квалитетни услови за живот.
Ја имаме најдобрата понуда на кандидат за градоначалник Сашо Велковски и најдобрата советничка листа, со најдобрите проекти за граѓаните:
-Комплетна реконструкција на филтер-станицата за чиста вода за пиење.
-Спортско рекреативен комплекс со изградба на затворен градски базен.
-Нови плански опфати за привлекување на инвестиции.
-Изградба на нов модерен градски парк.
-Инвестиции во фотоволтаици и ветерници.
Да го избереме најдоброто за нас, за нашите деца. На 17-октомври да гласаме за #Најдоброто за Свети Николе, за Сашо Велковски!“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e