Николовски од Ранковце: Безбедноста, заштитата на населението и материјалните добра се наш врвен приоритет

Поради сериозноста на ситуацијата со пожарите, веднаш по заминувањето од Крушево, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски доцна сношти се упатија во Ранковце, каде што имаше активни пожари.
Nikolovski11Службите, посочи Николовски, се на терен, сите надлежни институции се активирани, со цел да се стави под контрола оваа состојба.

– Состојбата ја следиме будно, координирано работиме со сите надлежни институции, со цел најитно спречување на поголеми штети. Од Ранковце, продолжуваме во регионот на Старо Нагоричане каде што исто така има активни пожари. Државните органи се во полна подготвеност, да се справиме со ова успешно и ефикасно, истакна синоќа Николовски.
Nikolovski2Вечерва, додаде Николовски, остануваме на терен, заедно со граѓаните, со сите екипи, затоа што, како што посочува, безбедноста, заштитата на населението и материјалните добра е наш врвен приоритет.

Јавното претпријатие Македонски шуми, подрачно шумско стопанство „Осогово”, Крива Паланка рано утрово информираше дека Шумскиот пожар што вчера зафати голема површина во атарот на селата Отошница и Радибуш во Општина Ранковце рано утрово е локализиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e