Николовски од Пехчево: Благодарност до компанијата ДИК Фагус бидејќи за време на здравствената криза одлучи приоритет да им биде здравјето на граѓаните

Сакам да се заблагодарам на компанијата ДИК Фагус од Пехчево, за општествената одговорност што ја покажа и што за време на здравствената криза одлучи приоритет да им биде здравјето на граѓаните, истакна генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

„Подготвувајќи се за денешната посета дознав дека како компанија сте донеле одлука во март на одреден период да го прекинете работниот процес, но притоа да ги задржите сите вработени и тие да бидат на платен одмор.
Nikolovski11Во вакви тешки моменти, како компанија сте ја покажале вашата големина, сте покажале одговорност кон општеството, солидарност, хуманост.

Нашите вработени се нашиот најголем капитал и затоа е од исклучително значење да се грижиме нивното и јавното здравје.

Како одговорна Влада за време на корона кризата презедовме низа мерки:

• Успешно се справуваме со негативните ефекти предизвикани од корона кризата;

• Со три сета мерка за помош на македонската економија пуштивме во оптег 1.1 милијарда евра, односно 10% од вредноста на БДП;

• Се бориме за секое работно место, за секоја компанија;

• На почетокот на кризата веднаш преку Развојната банка пуштивме бескамтна кредитна линија за најпогодените сектори, туризам, транспорт, угостителство;

• Од првиот повик за бескаматни кредити одобрени се кредитните барања на 738 претпријатија кои вработуваат 6.524 лица;

• До сега се исплатени 5.3 милиони евра или 97% од вкупните кредитни барања на или вкупно 717 компании од првиот повик Ковид 1;

• Од Ковид 2 до сега се исплатени 3.7 милиони евра на 243 компании или 52% од вкупно одобрените барања;

• ОД Ковид 2 се одобрени вкупно 7.1 милион евра на 593 компании;

• Вкупно од двата повика Ковид 1 и Ковид 2 се исплатени 9 милиони евра на 960 компании;

Со мерката за субвенции за плати од 14,500 денари и за 50 проценти за придонеси опфатени во Пехчево опфатени се 534 лица, вработени во 24 компании. За оваа намена издвоени се 7,729,668 денари.

Бескаматни кредити се исплатени во 3 компании, со вкупно 21 вработен.

За оваа намена издвоени се 922.500 денари“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e