Николовски на средба со штипјани: Пари имало и ќе има, разликата е во тоа како се планираат и трошат

Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љипчо Николовски денеска беше на средба со жителите од населбата Три чешми во Штип.

108416853_2755194458035409_7637477966974799038_n

Денеска разговаравме за тоа колку е важно на 15 јули да излезат на гласање и да се определат за иднина, за нова развојна економија. Ја препознаваат разликата и напредокот што се случи во државата, во последните три години, откако СДСМ ја води Владата. Прават споредби, свесни се колку приходи имале тогаш колку приходи имаат денеска. Многумина од оваа населба работат во штипските конфекции, велат покачувањето на минималната плата навистина поволно се почувствува. – рече Николовски пред штипјани. 

108286503_2755194368035418_6426372149996514297_n

Претходно беше замрзната на 9.000 денари, а сега е 14.500 денари. Во следниот мандат ќе ја покачиме до 20.000 денари. Парите ги враќаме кај граѓаните, затоа што се трошат домаќински. Пари имало и ќе има, разликата е во тоа како се планираат и трошат. – порача Николовски.

109130388_2755194434702078_654864895015023745_n

Затоа е важно сите заедно на 15 јули за да излеземе на гласање, за да го продолжиме патот по кој тргнавме. Патот на успехот, патот на економскиот напредок, патот кон правда, ред и дисциплина. Затоа што докажавме дека #можеме, а #можеме уште повеќе, #можеме уште подобро. – заклучи Николовски на средбата.

108460887_2755194348035420_7980784131284803861_n 109207980_2755194394702082_9083628202437500554_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e