Николовски: На младите од Кр.Паланка и Ранковце им порачувам – заедно можеме уште повеќе и уште подобро!

Македонците, младите ни требаат дома! За странство да ги оставиме македонските производи, истакна генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

„Потезите кои се влечат сега, даваат резултати утре. Во минатото се правеле многу грешни потези. Нашата држава е со многу лузни од погрешни потези.

Прв пат по долго време имаме шанса. Се отвораат вратите за нас. Дадовме и жртвувавме дел од нас за да можеме да сме сега тука. За само две и пол години водење на државата да сме членки на НАТО, да преговараме со ЕУ. Да имаме подобри услови за живот дома.
Nikolovski1На младите од Крива Паланка и Ранковце, но и на сите млади им порачувам, не го запирајте овој пат, овој прогрес. Заедно можеме уште повеќе и уште подобро!“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e