Николовски меѓу граѓаните на велешкиот пазар: Од граѓаните „го црпиме“ концептот за идното дејствување

Градиме партнерски однос со граѓаните, порача генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ3  на средба со граѓаните на велешниот пазар.

„Непосредните средби, разговорот со нив и соочувањето со предизвиците на терен, се нашата главна алатка во создавањето на Програмата „Можеме“ и во градењето на концептот за идното дејствување.“ – истакна Николовски. 

5

Со велешани станало збор за иднинате, за перспективата на младите, како што рече Николовски, за нашите планови, но и за одговорноста, за чесноста, за посветеноста.

„Велат, треба да си домаќин човек за да водиш држава и за да управуваш со парите на граѓаните. Не е тоа за секого!“ – порача Николовски.

5

„Ме радува фактот што и велешани, и целиот Источен регион во мене, во СДСМ и во Коалицијата Можеме гледаат домаќинска опција, која се грижи за граѓаните, ги враќа парите кај граѓните.“ – вели носителот во ИЕ 3.

4

Затоа, на 15 јули од овде од Велес, но и од целата ИЕ 3 ќе ја најавиме големата победа на Коалицијата Можеме, затоа што можеме уште ПОВЕЌЕ, уште ПОДОБРО. – заклучи Николовски.

po

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e