Kандидатот за пратеник и коносител во Изборната Единица 3, Љупчо Николовски Љупчо Николовски денеска е меѓу граѓаните на Пробиштип.
Првин приготвуваше пастрамајлија, а потоа се сретна и со пензионерите.
– Бујрум на пастрамајлија, или како што овде во Пробиштип се вели пастрмајки. Рецептот од прва рака – Ресторан “Златица” во Злетово кој годинава слави 40 години јубилеј, 40 години искуство. Во нашиот исток виреат безброј македонски традиции оставени, и пренесувани од колено на колено. Да ги чуваме и негуваме, тие се нашето богатство, порача Николовски.
– Во следниот мандат обезбедуваме просечна пензија од 30.000 денари и минимална од 20.000 денари. Имаме конкретен план за обезбедување на европска иднина за граѓаните за уште поголеми плати и пензии, вети Николовски на средбата со пензионерите.