Николов: Се подобрува безбедноста на граѓаните на неколку штипски улици

По неколку кражби и инциденти на штипските улици „Радански Пат“, „Косовска“ и на „Панче Караѓозов“ преземени се соодвтени мерки од страна на Полициската станица во Штип, вели градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Забележа дека по разговорот со командирот на Полициската станица во Штип фатени се сторители на кривичните дела.

-Ќе се зголеми и патролното движење на нашите полициски службеници во овој регион, со што ќе имаме поголема безбедост на нашите сограѓани, вели Николов.

МИА претходно информираше за серијата на кражби, кои се случуваат во домовите на граѓаните, кои живеат на овие улици. Барајќи поголеми полициски контроли на улиците и сторителите да се фатат. Дел од граѓаните своите дворови ги имаат оградено со високи огради, па домовите им наликуваат како кафези. Николов забележа дека како локална власт работат и на подобрување на инфраструктурата во овој регион на градот, во неколку наврати имал и средба со граѓаните кои му сугерирале за асфалтирање или бетонирање на одредени краци од улиците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e