Николов: Ќе иницирам основање фонд преку кој ќе обезбедиме маска за секој штипјанец додека трае ковид

Изминатиот период секојдневно се соочуваме со последиците предизвикани од вирусот Covid – 19.Како доктор и лично сведочам на натчовечките напори кои ги прават моите колеги во борбата против невидливиот непријател.На здравствените работници повеќе од било им е потребана поддршката од граѓаните.Исклучително е важно, а и потребно секој еден од нас доследно да ги почитува мерките за заштита, ние како Општина којашто се грижи, имаме обврска да создадеме услови за тоа. – порача денеска Сашко Николов,кандидат за градоначалник на општина Штип.

Како иден градоначалник на општина Штип се обврзувам да направам се да го заштитам јавното здравје и сите капацитети на општината да бидат ставени во функција на борбата против коронавирусот.

Ќе иницирам основање фонд преку кој ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за сите штипјани, за полесно справување додека трае кризата со КОВИД-19 и ќе апелирам до сите компании, граѓани и донатори да учествуваат со свој придонес во оваа наша заедничка цел. – рече Николов.

Во рамки на Кризниот штаб и натаму ќе продолжиме со редовна и навремена дезинфекција на сите јавни установи кои се под надлежност на општината.Во време на криза потребна е солидарност и целосна грижа за ранливата катeгорија на граѓани.

Во таа насока, ќе ја зацврстиме соработката со приватниот сектор за донации кои ќе бидат доделени до овие граѓани, како и соработка со Црвен Крст и сите волонтери за достава на лекови и намирници во домовите до сите штипјани кои од различни причини се спречени сами да ги обезбедат.Само заедно, солидарно, со меѓусебна поддршка ќе успееме да ја пребродиме оваа криза. – рече тој.

Ние имаме должност покрај заштитата на јавното здравје, да направиме се за безбедно и непречено функционирање на сите институции кои работат во интерес на граѓаните.

Токму затоа организираме безбеден изборен процес, безбедна изборна кампања со строго почитување на сите протоколи за заштита.

13 декември, денот кога Штип го бира својот градоначалник ќе биде целосно здравствено безбеден ден зошто секој еден учесник во процесот и гласачите ќе ги почитуваме здравствените мерки, како што тоа го правиме секој ден.

Искористете го вашето демократско право да гласате. На 13 декември излезете и гласајте за број 2, за Штип да продолжи во сигурни раце. – заклучи Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e